Економија Спортски вести

Кој е спортскиот тим кој дава најголеми плати во светот?

Напишано од Nikola

Sportingintelligence во нивната најнова анализа на тема “Global Sports Salaries Survey” објави дека Barcelona е тимот со највисоки плати во светот на спортот.

Просечната годишна плата на еден фудбалер на Barcelona е околу $10.4 милиони годишно, односно $201, 043 неделно.

На второто место е фудбалскиот тим Real Madrid ($8,089,582 ), додека кошаркарскиот клуб Oklahoma City Thunder ($7,848,811 ) се трети. Golden State Warriors е на четвртото место ($7,819,700), а Washington Wizards е петти ($7,633,608 ).

Најголемиот пад на листава го има НБА тимот Los Angeles Clippers, кој паднa од првата 10-ка на 26 место.

Целата листа може да ја видите на Sportingintelligence.

 

За авторот

Nikola