Настани

Кој се беше добитник во 2018 на официјалниот избор на Мажи на годината?!

Напишано од The Gentleman

На првиот официјален избор се избира мажите на годината за 2018 во 10 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Владимир Чадиковски. Доктор Владимир Чадиковски кој има навистина импресивна кариера и добитник е голем број признаниjа во светот и кај нас, беше добитник и на уште една награда во категоријата Маж со најголем придонес во општеството.

Во категоријата Менаџер на годината за 2018 наградата ја доби Живко Мукаетов, сопственикот на Алкалоид, наградата Млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец , а наградата за Маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.  За наградата за Маж со најголем придонес во културата беше избран режисерот Ѓорче Ставерски, а за Маж со најголем придонес во спортот наградата отиде кај Кире Лазаров. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а за Маж со трајни вредности беше избран Трифун Костовски. Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Огнен Јанески.

За авторот

The Gentleman