Економија

Кока Кола нема да се рекламира на Facebook и Twitter

Напишано од The Gentleman

Најголемиот светски бренд за пијалоци Coca-Cola соопшти дека ќе го прекине огласувањето на сите социјални мрежи (вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер) во времетраење од најмалку еден месец, поради нивното несоодветно справување со говорот на омраза.

„За расизмот не постои место во светот и на социјалните медиуми. Компанијата Coca-Cola ќе го паузира платеното огласување на социјалните мрежи на глобално ниво, барем во наредните 30 дена. Ќе го искористиме ова време за да ги преиспитаме нашите огласувачки политики со цел да утврдиме дали се потребни ревизии. Исто така очекуваме поголема одговорност и транспарентност од социјалните мрежи кои се наши партнери,“ соопшти генералниот извршен директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси.

Слична одлука за суспендирање на огласувањето на социјалните мрежи пред неколку дена донесе и Unilever.

Ваквите одлуки на Coca-Cola и Unilever доаѓаат во време на голема политичка тензија во Соединетите Американски Држави и иницијативата #StopHateForProfit на повеќе компании за бојкот на Фејсбук поради нивната одлука да не ги цензурира наводно „насилните“ пораки на американскиот претседател Доналд Трамп.

Coca-Cola и Unilever директно не се приклучија на иницијативата, па затоа и го суспендира своето огласување на сите социјални мрежи.

На крајот од минатата недела беше соопштено дека акциите на Фејсбук паднаа за 8.3% како резултат на растечкиот бојкот, со што компанијата ефективно загуби 56 милијарди долари од својата вредност, а генералниот извршен директор на Фејсбук, Марк Зукерберг, загуби 7.2 милијарди долари од својата нето вредност.

Маркетинг 365

За авторот

The Gentleman