Пијалоци

Коктел за најдобар почеток на денот

Напишано од Пјер

Со овој напиток богат со различни нутриенти ќе го започнете денот на моќен начин.

Освен што делуваат антивоспалително, куркумата и биберот во комбинација го активираат хормонот на среќа. Кога на тоа ќе му додадете и сок од лимон, односно витаминот Ц кој го соджи, ќе добиете инекција за будење на организмот и помош во борбата против тешкотиите и стресот. Чиа семките даваат енергија и благотворно делуваат на целиот организам, а циметот ја подобрува ативноста на мозокот.

Состојки:

– 1/2 лажица куркума

– 1/2 лажица цимет

– прстофат бибер

– 1 лажица чиа семе

– 1 лимон

– по желба: мед, листови нане

Подготовка:

Ставете малку врела вода во шолја, додадете го семето и оставете го една минута-две да набабри. Додадете ги зачините и измешајте да нема грутки. Додадете го цедениот лимон и додадете вода. По желба можете да додадете и мед и листови нане.

За авторот

Пјер