Економија

Колкави плати имаат директорите на Гугл, Амазон и Мајкрософт?

Напишано од Mr. M

Извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатија Надела доби пораст од 66 % на платата во текот на изминатата фискална година. Во најновата финансиска изјава на Мајкрософт се наведува дека Надела добила 43 милиони долари од 25,8 милиони пред една година. Инаку, ова е бонус што корпоративните директори го добиваат од акции.

Неговата редовна годишна плата е 2,3 милиони долари. Сепак, големиот бонус е сè уште половина од 2014 година кога се искачи на кормилото на технолошкиот гигант, по заминувањето на Бил Гејтс.

Бидејќи Мајкрософт, под негово водство, стана глобална сила во клауд услугите таа година, Надела доби бонусен пакет од 84 милиони американски долари.

За споредба, лидерот на Apple, Тим Кук заработи бонус од 15 милиони долари минатата година, при што доби плата од 3 милиони долари. Извршниот директор на Гугл, Сандар Пичаи, доби бонуси под нешто помалку од 2 милиони долари, а Џеф Безос од „Амазон“, најбогатиот човек во светот, ја добива истата плата во последните 20 години, на годишно ниво 81.840 долари.

За авторот

Mr. M