Пијалоци

Колку еспреса во денот е добро да пиете?

Напишано од martin

Сите знаеме дека кога имаме напорен ден на работа, често се случува многу брзо да ја губиме концентрацијата. Во тие моменти многу од нас се одлучуваат да си го направат четвртото кафе. Епа господа, продолжете така!

Според голем број на истражувања, четири еспреса во денот е добро за нас и за наѓето срце. Сепак се зависи од човекот, па ако не сте навикнати на тоа, може да не ви одговара.

Според некои најнови истражувања кои успеавме да ги најдеме на интернет, кофеинот го промовира движењето на регулаторниот протеин во митохондриите, ја зголемува нивната функција и ги заштитува кардиоваскуларните клетки од оштетување.

Оваа студија е изградена на тоа дека протеинот p27, инхибитор на клеточниот циклус, бил присутен во митохондриите во главните типови на срцеви клетки. Во овие клетки, митохондријалниот p27 промовира миграција на ендотелните клетки, заштитни срцеви мускулни клетки од клеточната смрт, и предизвикуваат конверзија на фибробластите во клетките кои содржат контрактилни влакна.

Сепак, пред да одите и да го порачате вашето четврто еспресо, мора да знаете дека ова истражување е спорведено на глувци. Мора да се направат поголеми истражувања преку кои ќе може да се докаже дали кофеинот е толку добар и за луѓето.

За авторот

martin