Психологија Фитнес

Колку мажите во Македонија вежбаат јога?

Напишано од Mr. M

Пред неколку дена, нашиот тим имаше можност да разговара со Лидија Котевска, основач и претседател на јога клуб “Тара”. Во разговорот со неа, успеавме да дознаеме колку кај нас се посветува внимание на јогата, кои се бенефитите од неа и колку мажите во Македонија се одлучуваат да вежбаат јога.

Според Лидија, интересот кај мажите за јогата се повеќе и повеќе се зголемува. Расте колективната свест за лидчниот и духовен развој, а тоа не се однесува само за мажите, тоа важи за целата популација.

Дали сте знаеле дека најдобрите јога учители низ историјата се мажи?

Најдобрите јога учители низ историјата, се мажи. Моментално најактуелните светски учители се мажи, исто и мојот учител. Ова укажува на фактот дека јогата е пракса за секој кој сака да расте физички, ментално, духовно. Можеби кога кај нас би имало повеќе машки инструктори, мажите би биле уште поохрабрени да се приклучат на јога.

За авторот

Mr. M