Технологија

Колку навистина вреди новиот iPhone 11 Pro?

Напишано од Mr. N

Ако размислувате за купување на новиот iPhone 11 Pro или iPhone 11 Pro Max, без сомнение се прашувате дали телефоните вредат за нивната реална цена од 999 и 1099 долари во однос на малопродажната.

Сега, благодарение на NBC News, точно знаеме колку ги чини Apple за да ги направат своите нови мобилни телефони.

Во видеото подолу, NBC ги разложува сите елементи на телефонот, ја открива нивната вредност, а потоа додава сè за да ги открие и вкупните трошоци за производство.

Преземајќи го iPhone 11 Pro Max, дознавме дека екранот чини 66,50 долари, акумулаторот е 10,50 долари, новиот дизајн за тројната камера е 73,50 долари, а процесорот, модемите и меморијата се еднакви на вкупно 159 долари.

За повеќе информации, погледнете го видеото во продолжение

 

За авторот

Mr. N