Спорт

Колку пари имаат на сметка најбогатите фудбалери во светот?

Напишано од Mr. M

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси е најплатен фудбалер во светот, пред португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, според списокот на десетте најплатени играчи објавени од францускиот „Л’Екипе“. Капитенот на Барселона добива 8,3 милиони евра бруто секој месец, додека Роналдо заработува бруто 4,5 милиони евра.

И двајцата се пред бразилскиот напаѓач Нејмар, кој со нешто повеќе од три милиони евра во ПСG е најплатениот фудбалер во Франција. Неговиот клупски колега и репрезентативец на Франција, Килијан Мбапе не достигнува ниту два милиони евра.

Пред него се двајца напаѓачи на Барселона, Антоан Гризман и Луис Суарез. Обајцата заработуваат околу три милиони евра бруто месечно. Двајцата офанзивни играчи на Реал Мадрид, Грет Бејл и Еден Азар, добиваат 2,5 милиони евра месечно. Следува Филип Кутињо, кој од Барселона беше позајмен на Баерн со бруто плата од 2,3 милиони. Меѓу десетте најплатени е и Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед со бруто месечна плата од околу 2,3 милиони евра.

За авторот

Mr. M