Економија

Колку познати компании досега се повлекоа од проектот Либра?

Напишано од Mr. N

Проектот на Facebook за издавање на криптовалутата Либра полека се распаѓа, а криптовалутата уште не е ни издадена. Откако минатата недела проектот го напушти PayPal, сега истото го направија и останати големи играчи од коaлицијата.

Досега, потврдено е дека Mastercard, Visa, eBay, Stripe и Mercado Pago исто така се откажале од учеството во проектот.

Заминувањето на некои од најголемите играчи може да го означи крајот на Либра. Имено, големите компании веќе некое време се под притисок од регулаторите да го преиспитаат своето учество во проектот, иако тие кои веќе ја напуштија либра, оставија можност повторно да се приклучат.

Никој не знае што ќе се случи со овој проект, особено затоа што Конгресот го повика Цукерберг на сослушување на 23 октомври за да објасни што претставува Либра и како Facebook ќе се вклучи на финансискиот пазар.

 

 

За авторот

Mr. N