+18 Психологија

Колку сингл мажите се сексуално фрустрирани за време на карантинот?

Напишано од Mr. M

Светот е во застој… Не работи ниту еден бар, кафуле, ресторан, а луѓето се приморани да седат дома поради настанатата ситуација од коронавирусот. Ако имате партнерка, дефинитинво периодот на седење дома ќе го поминете многу полесно и поедноставно, но ако сте сингл маж, може да се појават фрустрации пред се поради тоа што нема да можете да имате контакт со многу луѓе, а тоа може да нанесе и сексуална фрустрација.

Сексуално фрустрирани мажи на Reddit зборуваат за недостаток на интимност што ја доживуваат и колку се очајни за физички допир.

Навистина е лоша оваа ситуација. Најлошото е што всушност јас запознав девојка пред да се случи сето ова со коронавирусот. – изјава на еден маж кој е во изолација. 

Ми недостига мојата девојка… Двајцата во овој момент копнееме за секс и започнавме да правиме секстинг, но и тоа поминува. Сега ми недостасува да почувствувам допир и да имам вистинска личност до мене. – изјава од маж кој е во изолација. 

Со мојата девојка имаме врска на далечина. Се гледаме секој месец по 5-7 дена… Имавме испланирано викенд заедно, но поради новонастанатата ситуација моравме да го откажеме. Затворени се границите и немаме можност да се видиме. Долго време сме немале сексуални односи и не знам дали повторно ќе имаме. – изјава од маж кој е погоден од ситуацијата со коронавирусот. 

 

За авторот

Mr. M