Автомобили Економија

Колку тежат најголемите автомобислки компании?

Напишано од Mr. M

Во моментов, највредната компанија за производство на автомобили, според цените на акциите, е Тојота, која има пазарна капитализација од 200 милијарди американски долари. Вредноста на американските акции на Tesla е во пораст во последно време, така што компанијата сега вреди скоро како американските ривали Генерал моторс (ГМ) и Форд заедно.

Акциите на Тесла достигнаа рекорд од скоро 476 долари по акција во средата. По таа цена, вкупната пазарна вредност на компанијата е скоро 86 милијарди американски долари. Пазарната капитализација на ГМ е околу 50 милијарди и на Форд е околу 37 милијарди.

Тесла вреди 15 милијарди повеќе од Фиат Крајслер и Ферари заедно. Вредноста на Тесла е исто така 15 милијарди долари поголема од комбинираната вредност на јапонските компании Хонда и Нисан. Американскиот производител на автомобили сè уште заостанува зад Фолксваген, кој моментално  вреди 96 милијарди долари на пазарот на капитал.

За авторот

Mr. M