+18

Колку време им е потребно на жените да доживеат оргазам

Напишано од The Gentleman

Жените повеќе уживаат во сексот ако трае подолго, а потребно е подолго време да се доживее оргазам, покажаа новите истражувања во САД. Откриено е точно колку време е потребно на жените да дојдат до оргазам, и дека на мажите им треба многу помалку време, пишува The Sun.

На еден просечен маж, потребно му е околу шест минути до оргазам, а на жените им е потребно двојно повеќе некаде околу 13.41 минути. Студијата била спроведена на 645 хетеросексуални жени од 20 земји, главно Велика Британија, САД, Холандија и Индија. Жените кои учествувале во студијата биле во моногамни односи, со просечна возраст од триесет години.

Можеби не звучи многу секси, но на жените кои биле дел од испитувањето им било побарано да пуштат стоперица кога станале сексуално возбудени и повторно да ја запрат кога имале оргазам, сите во името на науката. Во текот на осумте недели, времињата се движеле помеѓу 12,76 и 14.06 минути, при што 17 % од учесниците никогаш немале оргазам.

За авторот

The Gentleman