Автомобили

Конечно намалена цената на автомобилите на Tesla

Напишано од Mr. M

Компанијата Tesla е пионер во производство на електични автомобили и компанија која направи револуција на ова поле. Првите модели кои што се појавија во продажба, беа навистина со висока цена. После голем број на реакции од страна на јавноста и експертите, Елон Маск, мораше да ја намали цената или пак да прозиведе модел кој луѓето ќе можат да го имаат по пониска цена. Така се создаде Model 3.

Тимот на Tesla кој е задолжен за создавање на цената на автомобилите, најави дека цената на Model 3 е намален на 42.900 долари. Купувачите на Tesla добиваа бесплатно полнење, учествуваа во корпоративни настани и испраќаа фотографии во вселената, но според компанијата сите овие работи биле премногу, па затоа тие се прекинати и цената со тоа е намалена.

За авторот

Mr. M