Најново

КОНЕЧНО: Новиот iPhone 12

Напишано од The Gentleman

Вчера компанијата Apple ги претстави долгонајавуваните модели на iPhone 12, кои за прв пат се промовираат волку доцна. Очекувавме да се посебни и така и испадна.

Од компанијата вчера претставија 4 нови модели iPhone 12 и 12 мини и iPhone Pro и Pro Max.

Заедничко за сите модели е тоа што тие го имаат најновиот хардвер на Apple (чипсет A14 Bionic), OLED екрани и поддршка за 5G. „Епл“ стави посебен акцент на 5G, големи брзини и мала латентност обезбедена од новата генерација мобилна мрежа. Интересно, доаѓа со посебен режим „паметни податоци“ кој, за да ја штеди батеријата, комбинира користење на 4G и 5G, што се користи само кога тоа го бараат апликациите.

Двата модела се поголеми од iPhone 11 Pro моделите од минатата година, со 6,1-инчен екран за iPhone 12 Pro и 6,7-инчен за iPhone 12 Pro Max. Моделот Pro Max е промовиран и како најголемиот iPhone на Apple досега. Компанијата ги редизајнираше и своите премиум модели, кои сега имаат квадратест изглед со рамни рабови, по примерот на iPad Pro. За разлика од стандардниот iPhone 12, Pro уредите имаат рамка од нерѓосувачки челик и се достапни во четири бои: сива графит, сребрена, златна и новата пацифик сина.

Иако, се разбира, ниту еден модел не е евтин, сепак не мора да се издвојат илјада долари за нов iPhone, со оглед дека почетната цена на најевтиниот модел е 699 долари, што треба да биде прифатливо. За таа цена е достапен iPhone mini кој доаѓа со 5,4-инчен екран, а е достапен во модели со 64, 128 и 256 GB простор за складирање. Во споредба со iPhone 8, кој има 4,7 инчен екран, 12 мини има поголем екран, но е за 11 отсто потенок, 15 проценти помал и 16 проценти полесен.

Новина и ексклузива за моделите iPhone 12 Pro моделите е LIDAR сензорот, што ќе се користи за дополнителни AR ефекти. Apple посочува дека LIDAR ќе се користи за да помогне при фокусот во услови на слаба осветленост, правејќи го автоматскиот фокус за фотографирање до шест пати побрз. Исто така, обезбедува и Night Mode портрет фотографски снимки.

Како и моделите iPhone 12 и 12 mini, двата iPhone 12 Pro смартфони се компатибилни со новиот MagSafe полнач и додатоците што вклучуваат магнетни футроли, влошки за полнење и многу повеќе.

За авторот

The Gentleman