Филмови

Конечно откривме кој ќе се најде под наметката на Бетмен

Напишано од Mr. N

По откажувањето на Бен Афлек, наметката на Бетмен чекаше нов лик кој ќе ја облече за идните филмови со „темниот витез“. А како што стојат работите, тоа ќе биде Роберт Патинсон – ѕвездата од популарната тинејџерска сага „Twilight“.

Според извештајот на Variety, Патинсон е првиот избор за главната улога во претстојниот филм за Бетмен во режија на Мет Ривс, кој би требало да ја доживее премиерата на 25 јуни 2021 година.

Фановите се надеваат дека DC суперхероите ќе добијат нов континуитет во нивните филмови, иако многумина не се задоволни дека главната улога ја добил Роберт Патинсон поради неговата улога како емотивен вампир во „Twilight“.

Ниту една друга информација за новиот филм на Бетмен не е позната, односно само знаеме дека премиерата на новиот Бетмен ќе биде на 25 Јануари 2021. Останува само да го објавиме името на филмот, како и останатите актери кои ќе учествуваат во филмот, но голема претпоставка е дека нема да ги добиеме тие информации наскоро.

За авторот

Mr. N