Економија

Коронавирус ефект: Кој добива, а кој ќе изгуби најмногу?

Напишано од Mr. M

Корона вирусот го смени пазарот на трудот речиси преку ноќ. Глобалниот проблем сериозно влијае врз економијата и безбедноста на работните места. Некои сектори и компании може да имаат голем бенефит од оваа трагедија, но, за жал, некои индустрии ќе бидат сериозно оштетени.

Најмногу корист ќе имаат компаниите кои работат онјалн, здравствените установи односно производителите на медицински препарати, супермаркетите – посебно тие кои работат и преку интернет. Иако многумина ги губат своите работни места, други се отвараат. Гигантските корпорации како Амазон, Гугл, Apple, Мајкрософт и Нетфликс очекуваат голем пораст на работни позиции.

Така на пример, Амазон вработува 100.000 работници поради големата побарувачка. Добивката на Амазон е на сметка за загубата на малопродажбата. Трговските центри ќе бидат многу оштетени, бидејќи луѓето не ги напуштаат своите домови. Познати брендови како Macy’s, Nordstorm, Bloomingdale’s, Neiman Marcus објавиле дека ги затвараат своите продавници.

Со тоа и работниците ги губат своите работни места. И многу други сектори ќе истрпат сериозна штета поради оваа ситуацијата. Хотелите, авиокомпаниите, спортски настани, концерти, угостителството, се само дел од секторите кои ќе мора да го намалат своето работно време и бројот на работници.

За авторот

Mr. M