Спорт

Коронавирусот ги собори и најбогатите… Се намалува платата на спортистите

Напишано од Mr. M

Генералниот директор на кошаркарскиот клуб Барселона, Начо Родригез се состана со Анто Томиќ и Пау Рибас за да предложи радикален пад на платите за остатокот од сезоната, дури 70 % од преостанатиот износ на договорот. Пандемијата на коронавирус исто така ги принудува најбогатите клубови да заштедат во криза, но предлогот на администрацијата не најде добра ревербација меѓу кошаркарите.

Поединци, чии имиња не ги откриваат шпанските медиуми, се шокирани од потегот на челниците на каталонскиот тим и се заканија дека ќе го раскинат договорот доколку мерката стапи во сила. Да потсетиме дека Барселона направи голем број на големи засилувања ова лето – од Никола Миротиќ, преку Кори Хигинс и Брендон Дејвис, до Алекс Абринс, Малком Делани…

Пред само два дена, фудбалерите на Барселона се согласија на намалување на платите. Мундо Депортиво пишува дека Лионел Меси, Жерард Пике, Серхио Бускетс и Серхио Роберто се состанале во саботата навечер со управата на клубот, каде што се согласиле да има намалување на платите.

Барса троши 552 милиони евра годишно на плати, а еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси, беше првиот што рече дека не е проблем да се намали неговата заработка, проследено со други.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. M