Автомобили

Коронавирусот ја сруши автомобилската индустрија низ светот

Напишано од Mr. M

Бројот на први регистрации на автомобили се спушти на најниско ниво во Германија во последните 30 години. Ова се должи на ограничувањата во движењето на граѓаните поради пандемијата на коронавирус.

Според „Гардијан“, падот на бројот на први регистрации, значи и пад на продажбата на автомобили во март 2020 година кој паднал за 38 % во однос на март 2019 година и изнесува само 215.100 единици, се вели во соопштението на агенцијата за регистрација на автомобили.

„Неопходните здравствени мерки како што е масовно ограничување на социјалниот живот, затворањето на салоните за автомобили предизвикаа пропаѓање на трговијата со автомобили“, се вели во соопштението од ВДА, Федерацијата на производители на автомобили.

 

За авторот

Mr. M