Економија Стил

Коронавирусот силно удри врз модата во светот

Напишано од Mr. M

Ширењето на СОВИД-19 остава долг список на откажани и неодредено одложени настани во пресрет: НБА-сезоната, Мет Гала, па дури и Олимпијадата во Токио. Сите се преместени, презакажани или ставени на неопределена пауза. Уште еден настан кој е откажан, овој пат поврзан со машката мода. Машката модна недела пролет/лето 2021 година во Лондон, Милано и Париз, првично закажани за јуни е тргната од распоредот.

Покрај машката недела, францускиот Fédération de la Haute Couture et de Mode, кој ја надгледува француската модна индустрија, објави дека ја откажува и Haute Couture неделата, која беше закажана за почетокот на јули. Во изјавата, федерацијата рече дека „активно работи со своите членови на алтернативи“. „Сепак, работиме на нови дигитални формати и нови начини на средба, со цел да создадеме распоред за деновите првично закажани за Модната недела во Милано: платформите b2b и b2c во корист на брендовите, луксузните компании и сите други играчи во модната индустрија.

Свесни сме дека ќе се направат големи напори за да се подготват новите колекции до јуни и да започнат иновативна продажна кампања “. Една можна алтернатива е преносот во живо меѓутоа дизајнерите се загрижени. Тие велат дека е залудно креирање на нови колекции затоа што поради пандемијата е прекинато призводството и сите фабрики се затворени.

Лошата позиција во која се наоѓаат модните брендови, како и ефектите од вирусот да бидат почувствувани од сите вклучени во модниот свет и подоцна затоа што луѓето ќе бидат сеуште социјално дистанцирани. Ова важи за сите во текстилната индустрија, не само за познатите брендови, велат дизајнерите.

За авторот

Mr. M