Стил

Корпоративен стил: како да изгледате на вашиот следен состанок?

Напишано од martin

Корпоративното и стилот некако како да одат рака под рака. Дефинитивно мора да постои одреден стил во бизнис светот, а за да бидете успешен и луѓето да ве гледаат со сериозност, мора така да изгледате. Еве 5 работи кои треба да ги имате на ум:

Направете инвестиција

Веројатно знаете дека најдобрата инвестиција е онаа која ја правите на себе. Живееме во доста брзо време каде што секој е исполнет со голем број на обврски, но секогаш гледајте да инвестирате во себе и во стилот кој го имате.

Имајте скроен костум по мерка

Првата точка која ја кажавме бара време, но тука со само една инвестиција вие можете да се издвоите од другите. Вие можете да одите во било која продавница и да сакате и да најдете костум, но таму може да оди секој. Затоа гледајте да ви го направат по мерка за само вие да можете да го имате тој костум и да изгледате совршено во него.

Секогаш носете елегантна актовка или ранец

Само кажете не на оние стари актовки и чанти кои се носеле пред 10 години. Денеска треба да одберете актовка од висококвалитетна кожа која ќе ви даде една доза на софистицираност и сериозност. Не само што ќе ви трае подолго, вие ќе излгедате дека сте спремни за нова бизнис зделка.

Без часовник не излегувајте од дома

Сите детали се важни за добар корпоративен стил, но најважен е дефинитивно часовник. За да сакате да владеете во бизнисот, пред се мора така да се носите и мора така да се однесувате, а понекогаш деталите и гардеробата многу кажуваат за вас.

Квалитени чевли се задолжителна работа

Кафена кожна double monk strap кондура? Што викате? Малку италијански стил не е на одмет да ставите на вас. И уште една работа, избегнете ги оние шарени чорапи, држете се до класичното.

За авторот

martin