Стил

Костумите во гардероберот на еден маж

Напишано од Mr. M

Сакате да го пополните целосно вашиот гардеробер, но сепак не знаете какви костуми да закачите во однос на нивната боја. Кога станува збор за костумите и боите, некои бои се повеќе корисни и разноврсни во споредба со другите.

Денеска ќе ги рангираме боите почнувајќи од најпознатите и најкорисните, така што ќе ви помогнеме каде треба да дадете приоритет за одбирање на вашиот следен костум.

Морнарско сина

Морнарско синиот костум е идеален за господин кој сака да се вклопи во модниот свет. Оној кој сака да биде признаен за напорите кои што ги прави за да изгледа перфектно. Уште една предност на морнарско синиот костум е доколку еден господин посакува перфектно скроен костум во оваа боја, тоа ќе може да содржи неколку напредни модни детали бидејќи бојата е навистина едноставна и јасна.

Јаглен сива

Морнарско синиот костум може да направи да изгледате помладо, додека јаглен сивиот костум го нема тој ефект. Јаглен сивата боја е навистина лесна за совпаѓање и оди со шиорок спектар на бои што му овозможува на господинот да биде авантуристички расположен со своите кошули и вратоврски кои ги комбинира со костумот. Кога станува збор за формалност, овој тип на костум е измиселн за тоа.

Сива

Постојат голем број на нијанси на сива боја, што значи дека постои изразена разлика помеѓу сивата и јаглен сивата боја. Сивиот костум е малку посветол за разлика од јаглен сивата боја. Сепак овој тип на костум не е толку формален како јаглен сивиот. Да ги поседувате трите горенаведени предлози на костуми, вие ќе направите исклучителна разновидност во вашиот гардеробер, особено имате мали разлики во деталите.

Црна

Како последен предлог на нашата листа се најде црниот костум бидејќи кога ќе го споредиме со претходните погоре, овој тип на костум не е толку разновиден. Црното не одговара на секој тип на кожа. Овој костум одговара на господин со потемен тен и потемна коса. Црните костуми се ограничени во нивната флексибилност пред се поради остриот контраст кој се појавува во комбинација со другите модни парчиња. Црниот костум е корисен за формални прилики како што е Black Tie настанот. Ако одите на некој настан кој бара тукседо или Black Tie изглед, тогаш дефинитивно изберете ја црната боја на прво место.

За авторот

Mr. M