Луксуз

Кратко и јасно: Како правилно да уживате во пура

Напишано од The Gentleman

Се надеваме дека после овој водич, ќе ги спремите вашите аксесоари за пури и ќе уживате во задоволството кое пурата го нуди.

Доколку не знаете на вистински начин да уживате во пурата, вашата репутација како уживател на пури може за кратко време да пропадне. Пурата е една од најпознатите и најкористените артикли, во светот на хедонизмот и џентлмените.

Изберете соодветно време за пушење и во каква пура ќе уживате

Изборот на пури е лична одлука. Без разлика дали станува збор за редовен уживател на пури или некој новајлија. Од особена важност е да го одберете времето кое сакате да го потрошите за уживање во пурата и кава пура ќе пушите, бидејќи не секоја пура е за секој период од денот.

Осигурајте се дека е добро сочувана и исечете ја со самодоверба

Пурите мора да се чуваат на влажност од 65% до 70% и од 17 до 23 степени целзиусови. Тие се направени од природен тутун и мора да се почитуваат како такви. Пред пушењето пурата треба внимателно да ја проверите во каква состојба е, дали е сува или оштетена. Секоја пура која има промена во структурата, може да биде проблем во уживањето.

Секоја пура, која е рачно изработена, треба да ја исечете со катербиде пресечена за да може да се пуши. Затоа секогаш трудете се да имате аксесоари за сечење на пурата (секачи).

Одвојте време кога ја палите пурата

Времето е најважно кога ќе запалите пура. Има луѓе кои пушат насекаде и постојано, но тие не уживаат. Вие научете да уживате максимално. Ниту еден дел од процесот на уживање во пури не треба да се брза. Запалката е исто така клучна – добар квалитет. Најпрво, запалете го почетокот на пурата, убаво разгорете ја и потоа земете го првиот дим.

Комбинирајте ја со добро кафе или добар пијалок

Речиси секоја пура ќе одговара во комбинација со квлаитетно еспресо, меѓутоа комбинацијата на пури со виски е малку подобра опција, дефинитивно.

Никогаш не ја оставајте пурата за подоцна

Пурата никогаш не смеете да ја оставите за подоцна. Бидејќи студениот и застоен дим ќе го уништи самиот вкус на пурата. Мора да сфатите дека има секаков вид на пури на пазарот, од оние кои се пушат за 15 минути, до оние кои се пушат за три часа.

За авторот

The Gentleman