Селебрити Стил

Крис Хемсворт покажа како се носи костум со маица

Напишано од Mr. M

Еден од најпознатите актери на денешницата Крис Хемсворт уште еднаш ни покажа како со формални парчиња на гардероба можете да направите кежуал изглед за ова лето. Последен пат медиумите во Њујорк успеаа да го уловат како носи црвен костум со црни детали на него и едноставна бела маичка.

Крис Хемсврот не е премногу љубител на фромалното облекување, а ова не е прв пат да го видиме како го комбинира костумот со маица и како тоа го прави на еден совршен начин.

Некои велат дека е експериментирање, ние викаме дека е задолжително! Маичката оди одлично со сако и одело, тука нема муабет. Да, кошулата е прв избор, но не смее да се игнорира маичката. Не збориме за шарени, Најк или Адидас, и некои со голем V отвор кој нервира. Збориме за памучните, еднобојни (најчесто во потемна боја), која мора да одговара на остатокот од облеката.

За авторот

Mr. M