Кариера Настани

Крис Поповски и Ненад Пантовиќ – Млади менаџери на Годината за 2019

Напишано од Mr. M

Да се биде млад, а успешен е вистински мотив за сите во нашето општество. Да успеете да бидете вистински претприемач треба да се учи уште од мали нозе. Да се прават успеси е одлика на големите луѓе, кои цврсто целат кон своите амбиции. Ова е награда е создадена за млади мажи менаџери помлади од 30 години кои пленат со смелост, амбиција и претприемачки дух.

Во средата на 27 ноември во во хотел DoubleTree by Hilton на вториот по ред избор на Мажи на Годината за 2019, наградата за најдобар Млад менеаџер, замина во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ, сопственици на македонскиот бренд Сињори и Shirt tucker Stay.

Оваа манифестација, беше поддржана од DoubleTree by Hilton Skopje, Орбико, Анабела пафимерии, Shell, Dior, Бест Веј Инвестмент, Пивара Скопје, Амстел, Швепс, модниот бренд Gabbiacci, Тиквеш и ЛР, Аутомобили Груп, Јагуар и Ленд Ровер, Медисеи, Пантенол Екстра, Фабрика Карпош, ЛГА, и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа поддршката.

За авторот

Mr. M