Спорт

Кристијано Роналдо: Ве молам да ме разберете…

Напишано од martin

Да, официјално е, Кристијано Роналдо заминува во Јувентус, а кралскиот клуб се опрости од најдобриот играч кој негогаш го имале. Роналдо објавил едно писмо во кое им се обраќа на навивачите на Реал Мадрид и им објаснува зошто заминал и им се заблагодарува за сите двет години.

Годините поминати во Шпанија и во Мадрид се најдобрите во мојот живот. Премногу сум благодарен на овој клуб, на овој град и на сите оние кои ми даваа неизмерна љубов.

Роналдо во овие девет години, постигнал 450 на 438 натпревари и на навивачите на Реал Мадрид им донел четири титули во Лигата на Шампионите.

Мислам дека дојде време да отворам едно ново поглавје во својот живот и затоа ќе ве замолам да ме разберете, бидејќи сепак јас го побарав овој трансфер. Во овие девет години имав можност да играм со неверојатни играчи. Освен тимските трофеи, имав можност да освојам и четири Златни Топки и три Златни Копачки и сето тоа додека бев дел од Реал Мадрид. Реал Мадрид успеа да го освои моето срце, како и мојата фамилија и затоа на сите сум премногу благодарен на клубот, претседателот, директорите, колегите, докторите, физиотерапевтите, и сите оние кои се заслужни за секој детал да биде совршен. Долго ја следев ситуацијата и сфатив дека е време за промена. Заминувам, но овој дрес, значењето, како и Сантиаго Бернабеу, засекогаш ќе имаат посебно место во мојот живот. Ви благодарам на сите, и како што кажав пред 9 години кога дојдов во овде, Halla Madrid.

За авторот

martin