Хотели

Ледениот хотел во Шведска е вистинска зимска атракција

Напишано од Mr. N

IceHotel е фантастичен хотел кој се наоѓа во Шведска совршен за љубителите на снегот и зимската магија.

Сонувате за бел Божиќ? Можеби е прекасно да одите во Шведска за време на празниците, но може да ја исполните својата желба со снежна и ледена авантура на ледениот хотел за време на зимскиот период, големи структури слични на игло, во кој може да преспиете.

Овој хотел е направен целосно од лед и претставува главна зимска атракција во Jukkarsjarvi.

Овогодинешниот дизајн на ” Ледениот Хотел” вклучува главна сала и сала за настани, како и 15 апартмани дизајнирани од 33 различни уметници од целиот свет. Секој апартман е различен, со интригантен дизајн инспириран од темите како океан, па дури и соби со замрзнат камп оган.

Погледнете повеќе за овој хотел на следното видео

 

За авторот

Mr. N