Архитектура

Легендарната куќа на Тони Старк оди на продажба

Напишано од Nikola

Ако вашата животна желба била да живеете во домот на еден од вашите омилени филмски ликови, ќе ми биде драго да ја прочитате веста за легендарниот дом на Iron Man или Тони Старк кој е ставен за продажба.

Домот на филмското царство на Марвел се продава по цена од 30 милиони долари и не е фикција, туку реалност. Единственото архитектонско ремек-дело се наоѓа на карпата на Калифорнискиот парк Torrey Pines и нуди многу повеќе од поглед на океан.

Ултра модерниот дом со речиси 1000 m2 е архитектонско дело на американскиот архитект и дизајнер Wallace.E Cunningham, кој е доста познат по својот уникатен стил на работа во услови на живеење кај богатите и славните.

Спектакуларната вила во форма на чаша, која од речиси секоја соба нуди неверојатен поглед на Тихиот Океан и Сан Диего во далечина, содржи 6 спални, 6 бањи и 2 големи апартмани, од кои секој има посебна работна област.

Домот е опремен со најнова автоматизација на систем, која е контролирана од страна на iPad, овозможувајќи ви да го замени системот за дистрибуција на музика/видео или контрола на светла или прилагодување на автоматски прозорец, со цел да создаде атмосфера каква што посакувате.

Да не одолговлекувам повеќе, фотографиите ќе си го кажат своето 🙂

 

 

 

 

За авторот

Nikola