Кариера Музика

Легендарните Битлси успеаа да срушат нов рекорд!

Напишано од Mr. M

Легендарниот бенд од Ливерпул успеа да го сруши сопствениот рекорд и со албумот Abbey Road кој се најде на врвот на топ листите 50 години по првичното издание.

На 31 јануари 1970 година, овој албум се најде на првото место на топ листите, што значи дека по 49 години и 252 дена, повторно се врати на иста позиција, со што го сруши претходниот рекорд што го имаше нивниот албум „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band ”.

Иако првичните реакции од критичарите беа измешани, денес се смета дека Abbey Road е голем трговски и музички триумф за Битлси, симболично означувајќи ја ерата на оваа група, неколку месеци пред официјалното распаѓање.

За авторот

Mr. M