Кариера

Лекции кои не се учат на факултет а кои треба да ги знаете

Напишано од Mr. N

Сакате да започнете сопствен бизнис веднаш штом ќе завршите со школувањето? Тогаш, добро запомнете ги овие работи, кои ви се потребни за започнување бизнис, а кои нема да ви ги кажат на факултетот:

1. Се надеваме дека го сакавте живот како студент

Сега кога излеговте од училиште, треба да си најдете сопствен стан и да купите кола. Но, ајде реално да размислиме дали тоа е возможно? Кога се стремите кон нешто за кое немате финансии, можете да се доведете во депресија. Всушност доколку сакате да започнете бизнис нема да можете да ги поднесете сите трошоци наеднаш, личното преценување може да го убие Вашиот бизнис. Колку повеќе пари трошите за вас, толку помалку пари ќе имате да инвестирате во Вашиот бизнис.

2. Нема правилни одговори

Проблемите со кои се соочувате на училиште се така направени да имаат и точни и грешни одговори. Кога започнувате бизнис, вие може да добиете добар совет од експерт, но секој бизнис е различен и затоа вие неможете да знаете дали тој одговор е правилен за Вашиот бизнис. Вие самите морате да го најдете вистинскиот пат за Вашиот бизнис.

3. Учењето на памет нема да ви помогне да успеете

Вештините како што се меморизирање на информации и следење на насоките на професорот нема да ви помогнат во бизнисот. Време е да се ослободите од улогата на добар студент и да превземате ризик. Престанете да ги задоволувате очекувањата, туку надминете ги.

4. Просечно не е доволно добро

Вие можеби сте поминале некој испит со помала оцена, но во бизнисот дозволени се само највисоки оцени, бидејќи конкуренцијата ќе ве уништи. Многу од најдобрите и најпаметните студенти се решаваат да започнат свој бизнис и вие постојано ќе се соочувате со нив за спонзорства, внимание и потрошувачи.

5. Постојано е период на испити

Вие мора да планирате дека мора да работите навистина многу и да се откажете од многу работи. Во светот на бизнисот нема испитна сесија, туку секој ден има испити. Почнување на бизнис може да значи дека спиењето ќе има предност пред забавувањето. За претприемачите, денот никогаш нема доволно часа.

6. Вашата диплома не значи ништо

Вистина е дека во некои училишта, повеќе внимание се одвојува за припремата на младите за светот на претприемачите, а контактите кои ќе ги добиете ќе Ви помогнат да започнете. Но, да бидеме искрени, Вашето дипломирање нема да им значи многу на другите претприемачи. Имањето на единствена идеја и способност да ја претворите таа идеја во реалност е тоа што навистина се цени.

7. Вие сте препуштени сами на себе

Додека студирате, вие имате предност да научите нешто од професорите кои имаат дополнителни информации кои на Вас ќе Ви помогнат да разберете нешто повеќе. Во Вашиот сопствен бизнис, навистина е важно да најдете ментори кои ќе ви помогнат да ги надминете пречките. За ментори може да ги земете Вашите поранешни професори или групи на веќе завршени студенти кои ќе Ви помогнат да се развиете.

8. Кажете им чао на старите пријатели

Можеби сте ги избрале Вашите пријатели според слични интереси како што се, сакањето исти филмови, заедничката школска клупа и др. Вие сеуште ќе сакате да одржувате контакти, но Вашите критериуми ќе се изменат. Старите пријатели кои ќе започат да работат за плата, нема да можат да ги разберат предизвиците со кои се соочувате како претприемач. Вашиот социјален живот, како претприемач треба да вклучува и луѓе кои би ви биле потенцијални кандидати и добавувачи.

9. Неможете да не се појавите на работа

За да бидете како претприемач, мора да бидете присутни. Вие мора да бидете таму, да бидете посветени и да работите напорно секој ден. Заврши времето во кое можевте подолго да поспиете и да не се појавувате на часот.

10. Неуспехот е во ред

Еден неуспех нема да ја уништи Вашата кариера на факултет, и еден неуспех или повеќе, не значи дека Вашата наредна идеја нема да успее. Работете напорно и модифицирајте го Вашиот бизнис или започнете нов, и тогаш можеби ќе дипломирате од навистина тешкото училиште на бизнисот, основајќи компанија на која ќе бидете горди.

За авторот

Mr. N