Селебрити

Лекции за стил од Бредли Купер

Напишано од The Gentleman

Стилистката Ilaria Urbinati ни ги открива малите тајни на глумецот со стил. Бредли Купер, е маж со одличен стил. Вистински џентлмен, кој е умерен насекаде во своите појавувања. Миленик на публиката. Стилистката Илариа ни откри некои тајни за стил кои ги практикува Бредли Купер.

КОХЕЗИЈАТА Е КЛУЧОТ

Не е важно дали вашиот изглед е премногу минималистички или помалку ризичен. Мора да постои поврзаност помеѓу сите парчиња облека од глава до пети.

ШИК ИЗГЛЕДОТ ПОСТИГНЕТЕ ГО СО АКСЕСОАРИТЕ

Можете да носите обична маица и фармерка, но ако имате шик кондури, торба или добаар саат ќе постигнете еден сосема нов изглед.

ПРОНАЈДЕТЕ ПОГОДЕН КРОЈАЧ

Добриот кројач е оној кој секогаш на крајот знае да направи совршен производ. Тоа се гледа на крајот!

БИДЕТЕ ПАМЕТЕН КУПУВАЧ

Луѓето кои трошат многу пари на тренди работи, а ќе ги носат сезона или две тие не се баш мудри. Подобро да потрошите повеќе пари на основните и класични парчиња како што се кондури, џемпер или панталони кои ќе ви траат подолго.

СЕКОЈ МАЖ ТРЕБА ДА ИМА БАРЕМ ЕДЕН КВАЛИТЕТЕН КОСТИМ

Секој маж треба да има барем еден доста квалитетен костим, кошула и кондури кои што ќе може да ги носи на поважни настани.

НЕМОЈТЕ ДА СЕ ПЛАШИТЕ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ СТИЛОТ

Оставете вашиот стил да се менува и да расте со вас, промените се добри.

БИДЕТЕ СВОИ

Бидете свои и носете ги оние парчиња кои мислите дека најповеќе ви одговараат и ве прават да се чуствувате удобен. Но немојте да заборавите, комбинирајте ги паметно!

За авторот

The Gentleman