Пијалоци

Летен коктел кој ќе ве стопли и расположи

Напишано од Mr. N

Ако зборуваме за производи карактеристични за тековната сезона, тогаш летниот список не може да помине без Aperol.

Летните вечери повикуваат на безгрижни дружења во кругот на блиските луѓе, а како совршено дополнување доаѓа и уживањето во освежувачкиот Aperol, кој ова лето добива мала модификација.

Rosé виното во комбинација со горко-освежувачкиот вкус на Aperol е добитна комбинација за топлите денови и ноќи.

На Инстаграм ќе најдете многу фотки кои делуваат неодоливо вкусно, па затоа ви го пренесуваме рецептот кој може да го направите сами дома:

  • ¾ шолја тоник
  • ¼ шолја Aperol
  • ¼ свежо цедена лимета
  • 750ml розе вино
  • Мраз

Помешајте ги сите состојки заедно во голем бокал и украсете со парчиња грејпфрут или портокал.

Уживајте!

За авторот

Mr. N