Најново

LG мобилните телефони пред згаснување

Напишано од The Gentleman

LG сериозно размислива да ја затвори својата линија на мобилни телефони. Во последните 5 години од компанијата прикажаа загуби во висина од 4.5 милјарди долари.

Веќе подолго време паметните телефони на LG буквално стагнираат и технолошки застанаа позади конкуренцијата.

Генералниот директор на корејската компанија Квон Бонг Сеок на своите вработени им соопштиле дека наскоро ќе започнат со промени во овој сегмент.

Конкуренцијата во светот на паметните телефони во споредба со LG галопира напред. Тоа е причина да се слушаат муабети дека од компанијата сакаат комплетно да го укинат овој сегмент и да ги отпуштат луѓето. Тоа е наведено и во писмото од директорот дека наскоро се гледа решение кое нема да израдува многу.

Ова не е прв пат да се шират гласини за компанијата. Прв пат се појавија пред две години, но од компанијата одлучија да продолжат со работа и да вадат модели на телефони за ниската и средна класа.

Компанијата LG е совршена во останатите сегменти како телевизискиот и оној за бела техника. Доколку компанијата одлучи да се откаже од паметните телефони, голем дел од колачот се очекува да го поделат Apple, Samsun, Xiaomi и Huawei.

За авторот

The Gentleman