Интервјуа Спорт

Лице во лице со Богдан Богдановиќ

Напишано од Mr. N

Специјалното интервју на дечките од Men’s Health Srbija, со Богдан Богдановиќ, кое заслужи да биде претставено и пред публиката на Friday.mk во чест на Светското првентсво кое се одржува моментално во Кина.

Интервјуто е направено пред Светското првенство во Кина, а во него се збори за неговиот живот внатре и надвор од терените, за да нема недоразбирање со позитивните мисли на Богдан 🙂

Која ви е најомилена, а која пак најдосадна вежба во теретана?

Најомилена вежба во теретана е фрлање топка на паркет, додека пак најдосадна ми е чучњеви со тег.

Бидејќи долго време сте дел од кошарката, која според вас е најинтересна кошаркарска вежба на тренинг, а која пак најомразената?

За време на кошаркарските тренинзи, секогаш сакав да играм еден на еден со друг играч, бидејќи таа вежба ми даде мотив да станам дел од најмоќната лига, NBA. Според мене, сите кошаркарски вежби се интересни, освен оние за кои не е потребна топка. 🙂

Кој е вашиот најдобар оброк за јаки мускули, но исто така и вашиот омилен “cheat meal”?

Моето утро секогаш започнува со квалитетен доручек, односно 5 белки и 2 жолчки со салата и 350 грама пилешко бело месо со салата или пак зеленчук. Во Србија, како cheat meal го сметам печењето, додека во Америка се подразбира бургерот.

Три совети од Америка кои никогаш нема да ги заборавиш?

Најважните три совети од мојот досегашен престој во Америка се секогаш да останете позитивен, што помалку да ја додавате топката и секако да го одмарате вашето тело константно за подолго натпреварување.

Три совети кои ги говорите на децата на вашиот кошаркарски камп?

За успех на моите ученици, секогаш им говорам да се пронајдат во тоа што го сакаат најмногу и да посветат големо внимание за тоа. Исто така, најважна е конекцијата со луѓе како и сонот кој треба сами да го создадете и сонувате што почесто.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За авторот

Mr. N