Психологија

Лидерски особини кои може да се забележат веднаш кај некои луѓе

Ако подобро размислите за специфичното однесување кое ги карактеризира големите лидери, ќе сфатите дека не постои единствен модел. Сепак, можат да се издвојат некои основни црти кои се однесуваат на секој голем лидер.

1. Знаат, без двоумење, дека нивните чувства произлегуваат од тоа како мислат, а не од тоа како се чувствуваат

Која била главната причина што Мартин Лутер Кинг бил еден од најголемите лидери на сите времиња? Знаел дека неговите чувства поттикнуваат од длабочината на неговата душа. Големите лидери во себе бараат објаснувања. Тоа им овозможува појасно да ги согледаат работите, што е навистина потребно доколку сакате да ги мотивирате другите околу вас.

2. Не ги осудуваат другите

Правилото е едноставно: кога и судите на некоја друга личност, вие повеќе говорите за себе отколку за тоа лице.

Големите лидери знаат дека, кога мислите им се помешани, кога се несигурни или вознемирени, дека тогаш не се способни да донесат големи заклучоци.

3. Ја поттикнува инспирацијата, а не очајот

Без оглед колку некој се труди, ако не ја разбере суштината на чувствата, многу често во одредена акција ќе предизвика очај, а тоа значи дека ќе западне во ситуација во која работите ги гледа искривено. Во лидерството најважно е да имате инспирација, кога се чувствувате слободно и непотиснато.

4. Единствени се

Не вреди да ги копирате другите. Големите лидери реагираат спонтано и природно, а тоа не може да се имитира.

5. Свесни се дека зборовите не се важни, туку состојбата на умот

Знаат многу добро дека не е важно она што е кажано, туку состојбата на умот и свеста со кои се говори.

Нивните зборови се ехо на она што го чувствуваат, а позитивните чувства поттикнуваат од позитивната состојба на умот.

6. Патуваат до целта

Големите лидери сфаќаат дека постигнувањето на целите не значи и достигнување на среќа или дека повеќе вредат поради тоа. Наместо тоа, тие повеќе уживаат во патот кон остварување на целта, отколку во самата цел.

7. Го сакаат својот ближен

Сакајте ги другите, и сакајте наместо нив. Според нив, способноста да сакаме значи дека имаме чисто срце и ум.

За авторот

The Gentleman