Метрополи

Локации во Њујорк што ретко некој ги знае

Напишано од The Gentleman

Доволни се и 72 часа за да откриете што се нуди оваа возбудлива метропола. Men’s Health предлага неколку скриени места во Њујорк кои вреди да се посетат. Места на кои и Синатра би позавидeл –

124 Old Rabbit Club – помеѓу бучните студентски клубови на улицата Mekdugal може да го приметите сутерен влезот за 124 Old Rabbit Club. Кога ќе влезете во тесното клубче ќе осетите дека сте на правото (темно) место. Тука ве чекаат сите видови на домшни пива, како и флаширани брендови од останатите земји во светот.

Smith & Mills – сместен во шталата за коњи Trajbekl, на 28 квадратни метри, место кое собира едвај десетина луѓе. Но ако се дел од овие десетина луѓе вие сте вистински среќник. Храната која се спрема овде, и коктелите, се помеѓу најдобрите во Њујорк, а особено омилен е коктелот “Dark&Stormy”. Одлично место за сите генерации.

Buvette – првата холивудска слика на Њујорк. Ова француско бистро е број еден место за доручек во “јаболкото”. Одличната комбинација на шоља “La Colombe”, топло чоколадо и кајгана со пршут го прават Buvette задолжително место за сите туристи кои сакаат да осетат духот на животот во Њујорк.

Ace Hotel – тука има од се по нешто. Предворјето на хотелот преку ден е преполно со фриленсери и креативци кои пијат кафе од соседното Stuptown и куцкаат на своите лаптопи, додека навечер тука се собираат гостите од хотелот на коктел пред посета на некој од блиските барови и ресторани. Собите се мали, во индустриски стил полни со стари грамофони и плочи. Тука ќе се осеќате како да сте на гости кај некој пријател а не како да сте во некој хотел.

Saturdays NYC – Можеби едно од најубавите места во Њујорк. Главната атракција на оваа сурферска продавница (покрај облеката) е голмиот заден двор каде се собираат модните блогери, манекенките и креативните хонорарци на кафе муабет. Мора посебна статија само за ова место 🙂

За авторот

The Gentleman