Нега и одржување

‘Лоши’ навики кои позитивно влијаат на нас

Напишано од The Gentleman

Еден од најголемите трендови кои се појавија во денешно време е водењето на здрав начин на живот. Сето тоа е навистина одлично, но сепак сите понекогаш знаеме да се опуштиме. Сепак ако водите здрав живот не значи и дека не треба понекогаш да заглавите на некоја пијачка или нешто слично.

Погледнете кои се ‘лошите’ навики кои позитивно делуваат на нас.

СПИЕЊЕ ДО КАСНО

Некои луѓе сакаат да спијат како тинејџери и покрај тоа што не им личи на годините. За оние кои мислат дека тоа не им е губење време, нема потреба да се грижат за тоа.

ДА ПИЕТЕ ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ НА КАФЕ

Кафето е еден вид на култура. Сепак, доколку претерате со кафето тоа може негативни последици да има на вас. Но, сите знаеме во денешно време колку се води брз начин на живот исполнет со голем број на обврски. Епа господа, едно кафе нема да помогне за да го завршите денот успешно!

ОДИТЕ НА ТРЕНИГ БЕЗ ДА ЈАДЕТЕ

Сите знаеме колку е важно да ги наполните батериите пред тренингот. Сепак некои луѓе не можат да вежбаат веднаш после оброкот, а нема ништо лошо во тоа.

РАБОТНИОТ ДЕН НАМЕСТО ДОМА ГО ЗАВРШУВАТЕ ВО НЕКОЈ БАР

Вие не мора да го жртвувате вашиот живот доколку сакате да бидете здрав или одморен. По некој пијалок после напорниот ден може убаво да влијае на вас.

За авторот

The Gentleman