Селебрити

Луксуз, престиж и многу познати личности… Формула Grand Prix Монако

Напишано од Mr. M

Нуту една трка не може да се спореди со гламурот и луксузот од онаа во Монако. Од гламурозни казина, возење до најубавите јахти во светот, трката во Монако е исполнета со богата историја. Оваа трка е предизвик за сите возачи на Формула 1, но оваа година оваа трка беше исклучително посебна поради тоа што славеше 90 години од своето прво издание и 50 години од појавувањето на TAG Heuer Monaco часовникот кој е наречен така по оваа трка.

Неочекуваниот развој и стратегијата се клучните работи во ова случување кое ги собира најпознатите личности во светот да ги гледаат возачите на трката.

Оваа трка ја искористи часовничарскиот бренд TAG Heuer, каде што го претстави своето лимитирано издание на часовникот кој е инспириран токму од оваа трка. На јахтата на брендот може да се видат голем број на познати личности како што се Бела Хадид, Боб Синклер, Каи Лени…

За авторот

Mr. M