Архитектура Омилени места

Луксузна куќа надополнета со песочна тропска магија

Напишано од Mr. N

Пунтаренас е град исполнет со забава, односно претставува место кое ги комбинира ноќниот живот, прекрасното сонце и песочната тропска магија.

Луксузна куќа која има поглед на Пацификот е дизајнирана од страна на Студио Сакс. Oваа куќа содржи елеганција, модерен стил и релаксираност, со совршен поглед кон океанот. Дизајнот на оваа резиденција е подигнат со цел да има подобар поглед кон океанот, што овозможува да направите серија на платформи и тераси во надворешниот простор.

Ентериерот е составен од дрво и бела боја кои даваат свежина и живост, односно ја прават оваа куќа природен песочен продолжеток.

Куќата е поделена на четири дела, од кој секој од нив има свој одвоен дрвен кров кој е доста едноставен, модерен и органски.

За авторот

Mr. N