Автомобили Бизнис совети

„Луксузниот дизајн не е доволен“ – главниот дизајнер на Lexus, Јасуо Кајино

Напишано од martin

Пред некаде околу 30 години, компанијата Lexus го дизајнираше ES. Елегантен и направен за оние кои бараат мешавина на луксуз и удобност. Нешто што изгледа добро, но можеби нема да ги задоволи вашите апетити кога станува збор за брзината. Сега во својата седма генерација, и доаѓајќи во Велика Британија за прв пат, новиот ES е подолг, помал, поширок – и, се разбира, побрз. Потоа, тука е дизајнот.

Според неговите зборови, човекот зад еволуцијата на ЕС, Јасуо Каџино, главен дизајнер на Lexus, нè води низ процесот на дизајнирање, менувањето на пазар на луксузни автомобили и зошто луѓето се како јагули…

Потребни се 5 години за да се дизајнира автомобил

Многу е важна тимската работа. Една година може да се мисли само на дизајнот, а потоа уште 3-4 години за да имате готов продукт.

Јас сум типичен јапонски работник

За време на работните денови се што е правам е работа. Ништо друго не правам. Се е поврзано со работата, немам некое време кога почнувам или кога завршувам. Но кога ќе дојде викенд, се исклучувам максимално и се трудам да не мислам на работа.

Најтешкиот дел е да се направи нешто што досега не е направено

Кога дизајнирате автомобил, обично се гледа историјата и традицијата на Lexus. Но да одите да направите нешто ново, е најтешкио дел.

За да бидеш дизајнер, мора да бидеш и продавач

Lexus ES има долга историја и со текот на времето прерасна во конервативен автомобил. Најголемиот предизвик за мене беше да ги убедам луѓето кои имаат конзервативни размислувања да го прифатат овој дизајн.

Да си дизајнер е уникатна позиција

Живееме во брзо време и многу често се среќаваме со феномени во светот на технологијата и дизајнот. Тоа е возбудливото во мојата работа.

Луксузниот дизајн не е веќе доволен

Живееме во време кога веќе дизајнот не им е доволен на купувачите.

За авторот

martin