Нега и одржување

Лузни од акни… Што се тие и како да се ослободите од нив?

Напишано од Mr. M

Лузните од акни се навистина чести. Сепак, нивниот изглед се заснова на големината, времетраењето и процесот на лекување на почетната лезија. Секој процес на заздравување вклучува создавање на колаген и доколу тој не е еквивалент на нормалниот, настанува лузна. Колку првичната лезија е поголема, подолго трае и пробуваме самите да ја истретираме, толку е поголема лузната.

Некои лузни може да исчезнат со третман, други самостојно да се намалат во обем. Секако треба да имаме предвид дека треба најмалку една година за да заздрави една лузна и дека таа нема да изгледа исто за два месеци и после една година. Постојат неколку начини со кои може да ги третирате лузните од акни:

Дермални филери. Не се трајно решение. Нивното времетраење зависи од продуктот кој се нанесува.

Микро-дерма абразија: постапка со која се остранува тенок горен слој од кожата. Ова на некој начин претставува ексфолијација и го потикнува создавањето на колагенот.

Ласерски третман: најверојатно најскапиот избор. Доколу некогаш се одлучите за оваа постапка одберете го најмалку агресивниот начин.

Доколку сакате со помалку инвазивни методи еве неколку продукти за нега на кожа и третирање лузни: Ниацинаминд, Гликолна киселина, Ретинол, витамин Ц или креми со фактор кои се користат за сончање.

За авторот

Mr. M