Луксуз

Мајкл Џордан и неговата љубов кон пурите

Напишано од The Gentleman

Мајкл Џордан е бренд во движење. Тој сеуште важи за најадобриот кошаркар кој светот го имал некогаш. По завршувањето на успешната кариера, тој станува уште помоќен и надвор од терените. Денеска е еден од најуспешните бизнисмени во светот и под себе има неколку различни бизниси кои што му носат огормен профит.

Резултат со слика за michael jordan and his cigars

Она по што е познат Мајкл Џордан е ногивиот животен стил. Сака да ужива во фини нешта кои што му создаваат задоволство. Тие фини нешта се голфот и пурите. Уште во најдобрите денови, го гледавме Џордан како оди на натпревари со пура во рака, а денеска пуши по речиси шест пури на ден.

Во едно интервју кое што го најдовме од 2005 година, тој ја открива својата убов кон цигарите. Според Џордан, тој ја запалил својата прва пура во 1991 година кога сопственикот на Чикаго Булс му подарил една по освојувањето на првата титула. После тоа тој ја развил својата љубов кон пурите и создал ритуал на пушење цигара на пат кон секоја игра на домашен терен.

Резултат со слика за michael jordan and his cigars

Но, токму во неговото интервју за магазинот Cigar Aficionado Џордан конечно кажал колку цигари пуши на ден, а тоа е бројот шест.

Тој имал вграден посебен систем за филтрирање на воздухот во покерската соба и домашното кино во неговата мултимилионска куќа, за да може да ужива во неговата омилена пура. На прашањето која е неговата омилена пура, тој изјавил дека тоа е Partagas Lusitanias Cigar.

Резултат со слика за partagas lusitanias cigar

Резултат со слика за michael jordan and his cigars

За авторот

The Gentleman