Економија Технологија

Мајкрософт со инвестиција од милијарда долари вложува во компанијата на Елон Маск

Напишано од Mr. M

Компанијата Мајкрософт реши да вложи една милијарда долари во OpenAI чиј основач е Елон Маск. Преку ова партнерство, двете компании ќе работат на развивање на суперкомпјутинг технологија и AI за Microsoft Azure.

Со оваа соработка, Мајкрософт ќе стане и главен cloud провајдер на OpenAI. Модерните Al системи добро работат за некои специфични проблеми за кои се обучени.

Визијата на овие две компании е генералната вештачка интелегенција да работи со луѓето со цел да им помогне во решавање на моменталните мултидисциплинарни проблеми вклучувајќи ги глобалните предизвици како што се климатските промени, персонализирана здравствена зашштита и образование.

За авторот

Mr. M