Нега и одржување

Маката на се ќе не научи… Како мажите да ја шишаат својата коса по дома?

Напишано од Mr. M

Ако сте како повеќето мажи, посетата на бербер е веројатно редовен дел од вашата рутина. Всушност, според Американската академија за дерматолози, машката коса расте со побрза стапка отколку кај жените, на половина сантиметар месечно, така што мажите се навикнати на чести посети на бербер за одржување на фризурата.

Денеска се наоѓаме во ситуација каде што сите сме затворени по дома поради настанатата ситуација со коронавирусот, па одењето на бербер едноставно е невозможно. Во тој случај мора да се снаоѓаме и да бараме алтернативи. 🙂 Во овие моемнти на интернет мажите се повеќе пребаруваат како да ја скратата својата коса и гледаат видеа кои ги не охрабруваат да ја завршиме работата самостојно.

За почетокот, треба да знаете што сакате да постигнете со Вашата фризура. Најдобро е да имате некоја слика до вас по која ќе се водите и по која ќе превземете акција.

Откако ќе ја дефинирате вашата фризура која сакате да ја направите, осигурајте се дека ги имате сите потребни гаџети за тоа. Не можете да започнете само со ножици. Вашата најважна и најпотребна работа е машинката за шишање. Попрактично е ако имате некој бежичен сет за шишање. Нашиот предлог е Rf-609 Dingling машинката која нуди повеќе опции за шишање. 

Машинката е од есенцијано значење, но никогаш нема да можете да направите ништо повеќе ако не се гледате што правите. Затоа ќе ви биде потребно огледало на кое што ќе можете убаво да се видите што правите.

Изберете место со добро осветлување, многу огледала и место кое ви овозможува лесно чистење. Не можете секаде да се шишате. Од суштинско значење е да се започне да се шишате на чиста коса, затоа најдобро е пред тоа да ја измиете.

Haircut reflection

Застанете пред огледало држејќи ја машинката во рака и огледалото во другата рака. Кога ќе ја шишате косата на страните и задниот дел од главата, држете го огледалото во рака за да можете да го видите неговиот одраз во големото огледало пред вас. Оттука, зависи од тоа каков стил сакате да повлечете. Гледајте ножиците ги користите ретко и препорачуваме најчесто да ги користите за да го исечете она што може да го видите директно пред вас.

За авторот

Mr. M