Спортски вести

Македонија по Европско е “печена” за на Светско во фудбал

Напишано од The Gentleman

Македонската репрезентација во Фудбал, вчера ни покажа дека е печена не само за на Европско, туку и за на Светско. Со оглед на тоа како играат нашите фудбалери, нема да не чуди ако обезбедиме пласман на во 2022 година во Катар.

Вчера ја совладавме светската фудбалска велесила Германија, четирикратен светски шампион. Со 2:1 на гостински терен, буквално ги надигравме.

Горан Пандев и Елиф Елмас беа хероите кои постигнаа голови во двете полувремиња.

Честитки за нашите херои и многу успеси.

П.С. Не за џабе Пандев е избран за Маж на годината за 2020

ФОТО: ФФМ (Фејсбук страница)

За авторот

The Gentleman