Најново

Македонска компанија е лидер во Европа во промоција на дигитална писменост

Напишано од Пјер

Тимот на Цертиадриа кој има за цел да ја промовира потребата од дигиталните вештини постигна голем меѓународен успех. Нејзините вредности и напорен труд беа препознаени од американскиот партнер Сертипорт кој на традиционалниот Глобален Партнерски Самит што минатата недела се оддржа во Орландо, менаџментот на Сертипорт ја награди Цертиадриа со наградата “EU Advocate of the Year“. Наградата се доделува секоја година на партнер, кој на својот континент остварил придонес за зголемување на свеста за потребата од дигитална писменост и сертификацијата.

-Трудот што тимот го вложи во лобирање за потребата од дигитална писменост кај владини претставници е препознаен од Сертипорт со оваа награда. Нашата цел е владините институции да ја препознаат и поддржат потребата од сертификација, како инструмент за мерење на нивото на дигитална писменост, но истовремено преку сертификацијата на младите генерации да им се овозможи да ја пронајдат работата за која сонуваат – вели Марко Серафимовски, директор на Цертиадриа.

Со зголеменото влијание на технологијата во општеството, дигиталната писменост добива на значење како доживотна алатка за едукација. Како граѓани на глобално општество, социјалните мрежи, технологијата  и интернетот имаат големо влијание врз секојдневниот живот. Токму затоа е неопходно да се продолжи образованието, откако ќе се зачекори на пазарот на труд. Нагласувањето на влијанието кое технологијата го има врз образованието и бизнис секторот е еден од мандатите на Цертиадриа.

Компанијата активно работи во: Албанија, Бугарија, Босна, Хрватска, Словенија, Србија, Македонија, Малта, Црна Гора и Косово, каде нуди сертификати од индустриски лидери како: Microsoft, Adobe, Autodesk, ISTQB, DASA and IAPP. Истовремено го споделува своето знаење и искуство со владини и образовни институции, со цел создавање наставна програма која ќе биде во согласност со новите трендови. На овој начин компанијата ја исполнува својата општествена  одговорност и помага во транзицијата кон новиот дигитален свет.

За авторот

Пјер