Интервјуа

Македонскиот блогер за храна, Cooking with Branko: Верувајте во себе, остварете ги вашите соништа и не заборавајте дека САМИТЕ СТЕ ДОВОЛНИ ЗА ДА ПОБЕДИТЕ!

Напишано од Mr. M

Најмногу се фокусирате на Instagram и YouTube. Кои предизвици би ги издвоиле како најголеми при стекнување и градење на вашата публика?

Воопшто не беше тешко да се стекнам со публика, пред сè затоа што верував во мојата идеја да воведам различни вкусови пред публиката на Instagram и YouTube. Мојата идеја беше и сè уште е уникатна, различна и конкретна кога станува збор за храната. Кога имате силна страст за она што го сакате успехот станува полесен и универзумот работи за вас и вашата идеја да успее.

Секогаш изгледате позитивни и ентузијасти за што и да споделувате и да работите. Како наоѓате инспирација и сила да продолжите?

Верувам дека сме доволни самите. Сè што направив, го направив тоа додека верував во себе. Никогаш не се посомневав во мојата работа, мојот талент и вештини. На крајот на краиштата, секој што ги има пробано моите јадења секогаш сакаше повеќе и тоа беше доказ што ми требаше да продолжам да го правам она што го правам најдобро, а тоа е готвењето.

Како ја откривте вашата страст за готвење?

Јас потекнувам од традиционалното македонско семејство каде културата и семејните вредности се многу важни и кои ме изградија како личност. Кога бевме мали, јас и сестра ми, од мајка ми учевме како да се грижиме за себеси во различни услови кои може да ги донесе животот. Јас сум многу благодарен што таа ни го покажа значењето на животот и важноста на храната во мала количина. Задоволство ми беше што ја видов како прави чуда со храната во нашата кујна, а покрај неа ги научив и основните работи за готвењето и магијата што можам да ја создадам со различни вкусови. Преку ова, ја најдов мојата страст за готвење и решив да ја споделам со моите следбеници. Приказната е неверојатна, почувствувајте ја!

Секогаш се чини дека имате нови и иновативни рецепти. Дали ги составувате сами? Како функционира тоа?

Секој рецепт во кујната на Cooking with Branko е уникатен. Јас секогаш се внесувам во секое јадење. Мојата идеја за готвење е да откријам уникатен вкус што ќе го сакате на милион различни начини. Сите мои рецепти имаат нешто посебно во однос на вкусот и изгледот што ве тера да сакате повеќе.

Ајде да зборуваме за, CWB Burger-от. Изгледа вкусно. Дали е ова вашиот најгорд момент, или има нешто друго што секогаш ќе го сакате повеќе?

Јас секогаш создавам нешто поразлично и тоа е случајот со CWB Бургерот. Точно е дека е посебен рецепт, вкусен е и многу сум горд на тоа. Уживам да создавам храна за различни вкусови и кујни и се надевам дека нема да застанам тука со изненадувањата.

Покрај љубовта кон готвењето, што друго сака да работи Бранко? Дали Бранко се гледа себеси како претприемач и иноватор или готвач?

Има многу работи во кои најдов љубов. Сѐ што работам го правам со многу љубов. Тоа е клучот на успехот. Иднината е во маркетингот. Јас сум во маркетинг и се гледам таму во иднина. Задоволство е да се создадат стратегии за различни сектори и компании, помагајќи им да растат во својот бизнис. Секој ден учам нови работи поврзани со дигиталниот маркетинг (иднината на 21 век) и преку тоа, откривам нови вкусови што ги споделувам со сите вас.

Кои се некои од вашите идни планови со видео блогот, брендот и вашиот бизнис?

Ситуацијата со Ковид-19 целосно ги смени плановите на мојот блог за храна Cooking with Branko. Време е да се прилагодиме на новите измени донесени од пандемијата и да продолжиме понатаму. Следат нови проекти и новата сезона на Cooking with Branko ќе донесе нешто интересно, креативно и иновативно, а до тогаш уживајте во рецептите од Cooking with Branko кои се дел од инстаграм профило www.instagram.com/cookingiwthbranko .

Имам многу планови и идеи, но ќе го почекам вистинскиот момент за нивна реализација.

Дали планирате проширување на вашата деловна активност? Ако да, во која област?

Секогаш има повеќе опции за да научите и надградувате, само треба да продолжите да барате. Како што реков, маркетингот е областа во која се гледам себеси, а готвењето е моја страст и љубов.

Како започна готвењето на Cooking with Branko? Кој или што ве инспирираше?

Накратко: силна љубов и желба за нешто свое, мајка ми и љубовта што ја примам и сакам да им ја дадам на луѓето околу мене.

Покрај готвењето, честопати можете да бидете забележани како спортувате. Дали се стремите да се вклучите во фитнесот во вашиот секојдневен живот или е нешто ново со кое сега започнувате?

Пред и по кризата Ковид-19, вежбав и возев велосипед – СЕКОЈ ДЕН. Потребно е да имаме редовна физичка активност, сега повеќе од кога и да било. Секогаш постои баланс помеѓу вежбањето и мојата кујна. Сега вежбам наутро и навечер, а често се качувам и до Водно и трчам.

Ви благодарам многу за ова интервју и времето што го вложивте во него. За крај има ли нешто што би сакале да го додадете за читателите на Friday.mk?

Едноставно: Верувајте во себе, остварете ги вашите соништа и не заборавајте дека САМИТЕ СТЕ ДОВОЛНИ ЗА ДА ПОБЕДИТЕ!

За авторот

Mr. M