Најново

Македонскиот луксузен бренд ДИАС со нова луксузна концепт продавница

Напишано од martin

Македонскиот лускузен бренд кој е познат по креирањето на custom made чевли и чанти ја отвори својата нова концепт продавница во центарот на Скопје каде што нивните клиенти ќе може да одбираат помеѓу големиот број на модели на чевли или пак да си направат свои по мерка.

Како што споменавме, новата локација на ДИАС се наоѓа во центарот на Скопје, на приземје во зградата Тифани, на крајот од Партизанска. Самата продавница е уредена во препознатливиот стил на брендот, со елегантни детали, односно стил кој е олицетворение на нивниот концепт, можноста да си одберете свој дизајн, комбинации на боја или додатоци и да ставите личен печат на своите чевли, чанти и други кожни додатоци.

Во самата продавница, custom made концептот ќе го завземе главното место, но воедно клиентите ќе можат на еден релаксиран начин да купуваат од класичниот продажен салон.

На свеченото отварање на 03.10.2018 година, тимот на ДИАС приреди една мала забава на која беа поканети голем број на клиенти и познати личности без кои овој бренд не би бил тоа што е денеска.

За авторот

martin