Психологија

Мали гестови на џентлмените, кои многу значат

Напишано од The Gentleman

Одамна занеме, или ајде да кажеме дека така не воспитале, дека малите гестови знаат да направат големи работи. Зошто е тоа така, бидејќи ја кпокажуваме нашата емпатија и човечност. Тоа е она што ни фали најмногу како луѓе. Кога некој ќе направи мал гест, работите се придвижуваат во позитивна насока. Ваквиот гест стимулира производството на хормонот допамин во мозокот и ја полни мислата со позитивни нешта.

Кога оваа учтивост се префрла од лице на лице, таа создава емотивна врска – а тоа е одличен начин да се подобрат меѓучовечките односи, нели?

Ви претставуваме неколку мали гестови, кои се од огромно значење и позитивно ќе влијаат на вас и околината.

– Навремено варетете ги парите кои ги имате позајмено од колегата или пријателот.

– Позборувајте накратко со некој колега, пријател или рвиот бариста и прашајте го каков му е денот, како се чувствува.

– Доколку некој побара, слободно дадете му од вашите влажни марамчиња или ужината, не бидете скржави.

– Дозволете му на некој колега да го користи вашето биро кога има потреба од тоа.

– Напишете му на ливче за потсетување или испратете му мејл со содржина „Браво, одлична работа“ на колегата кој завршил голема работа или успешно го финиширал проектот.

– Послужете ги сите со вашите кекси.

– Дадете му на некој колега комплимент за начинот на облекување, фризурата, стилот….било што, но нека биде искрен.

– Задржете ја влезната врата и вратата од лифтот доколку забележите дека има некој позади вас.

– Паметете ги родендените на пријателите и колегите и организирајте убав ден за секого.

– Одговорете што е можно побрзо на мејлот на колегата кој ве замолил за помош.

– Бидете насмеани, со позитивни реакции и оптимистички погледи на кои ќе додадете и доза хумор.

– Доколку забележите дека некој колега има непријатен ден, испратете го на кафе да се релаксира и завршете ја неговата работа со помош на останатите колеги, бидете солидарни.

– Секогаш потикнувајте ги колегите на извршување на работите со цел успешно реализирање на работата и добивање на бонуси.

– Раскажете интересна случка од вашиот дом, насмејте ги сите.

– Бидете оној кој во тешките и напнати моменти ќе им помогне на своите колеги.

– Секогаш на себе имајте насмевка, насмевка ……насмевка!!!

За авторот

The Gentleman