Стил

Малума – модната икона на младите генерации

Напишано од martin

Тој е млад, познат и шармантен. Моментално еден од најпопуларните пеачи во светот, Малума. На патот до неговиот успех, тој стана познат преку соработката со Шакира за песната Chantaje. Тој е роден во 1994 година во Колумбија и на толку млада возраст има неверојатен успех.

Малума е доста атрактивен на социјалните медиуми, а девојките низ целиот свет лудуваат по него. Преку неговиот кежуал изглед успева да го долови неговиот бунтовнички стил. Еден од неговиот омилен аксесоар се очилата без кои не започнува ниту еден концерт.

Преку неговите различни комбинации, тој на успешен начи прерасна во вистинска модна икона на младите генерации. Затоа украдете некој моден потег од Малума.

 

За авторот

martin